Како функционира новата протеинска вакцина која ја нарача Хрватска

Веста за новата протеинска вакцина на француската компанија „Санофи“, која наскоро треба да пристигне во Хрватска, го разбуди интересот кај луѓето колку е ефективна и по што се разликува од достапните вакцини.
„Нема генетски материјал, тоа не е т.н РНК вакцината ниту ДНК, туку чист протеин што влегува во нашето тело и веднаш делува на имунолошкиот систем. Она што е исто така важно е дека овие вакцини, протеини, се релативно слични со оние традиционални вакцини на кои сме навикнати, односно вакцини против, да речеме, тетанус и слично “, вели имунологот Златко Тробоњача за Dnevnik.hr.
Тој претпоставува дека ќе се даде една доза и верува дека дури и таа може да произведе доволна количина на антитела за заштита.


„Ако компанијата ‘Санофи’ ја предвиди можноста за производство на антитела, кои нема да го покријат изворниот облик на вирусот, туку и некои други соеви, тогаш тоа би можело да биде поважно во сузбивањето на постојните соеви“, додал тој.
Но, има уште работа. Вирусот постојано мутира, па се поставува прашањето колку би било профитабилно за компаниите да произведуваат и пласираат вакцини против секој вид што ќе се појави.
Управникот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, објави дека Хрватска нарачала околу 300.000 дози иновативна вакцина.
„Досега имавме векторска (AstraZeneca) и mRNA (Pfizer и Moderna), ова е протеин, најавено е дека ќе биде многу ефикасно. Тоа е многу поевтино од mRNA вакцините. Кога ЕМА ќе го оцени, ќе знаеме повеќе“, рекол Чапак.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …