Еве кои опасностите ги демнат луѓето кои не пешачат секој ден

Претходната година не беше најактивна за многу луѓе. Всушност, според една студија објавена во ноември 2020 глодина во Annals of Internal Medicine,само во првите 30 дена од пандемијата, просечниот број чекори кај 455.404 испитаници во 187 земји се намалил за 27,3 проценти.
Многумина го заменија активниот начин на живот со седечки, и ако сеуште избегнувате да шетате, тоа може да биде сериозен удар за вашето здравје.

Животниот век се намалува
Цел ден седење може да ви го скрати животот. Според студијата спроведена од Европското здружение за кардиологија во 2019 година, седечки начин на работа во период од 20. години го удвоил ризикот од рана смрт. Сепак, дури и кратка прошетка може да помогне. Во студија од 2012. година објавена во BMJ Open, истражувачите откриле дека намалувањето на количината на седење на помалку од три часа дневно може да го зголеми животниот век на една личност за дури две години.


Се зголемува ризикот од срцеви заболувања
Сакате да го одржувате вашето срце здраво? Секојдневната прошетка е одличен почеток. Во студија од 2012. година објавена во The Lancet, истражувачите откриле дека физичката неактивност директно придонесува за приближно шест проценти од глобалните случаи на срцеви заболувања.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …