(ВИДЕО) Александар Тодороски е победник на „МАКФЕСТ 2021“

За волја на вистината мора да истакнеме дека имаше добри песни (Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Александра Јанева, „Интервали“, Светле“, „Ај Кју“, Роберт Билбилов…), можеби некого заборавивме но сигурни сме дека нумерите на овие изведувачи ќе бидат меѓу „највртените“ на радио станиците…

Младиот Александар Тодороски освои најголем број гласови од публиката во првата полуфинална вечер на Макфест 2021 година. Очигледно песната „Под исто небо“ и настапот на Александар ги освои штипјани. Музиката и текстот се на најтрофејниот изведувач на Макфест Ристо Самарџиев, а аранжманот е на Давор Јордановски.


Истото, според организаторите на „Макфест 2021“ го повтори и во финалната вечер…
За волја на вистината мора да истакнеме дека имаше добри песни (Ѓоко Танески, Мартинијан Кириловски, Александра Јанева, „Интервали“, Светле“, „Ај Кју“, Роберт Билбилов…), можеби некого заборавивме но сигурни сме дека нумерите на овие изведувачи ќе бидат меѓу „највртените“ на радио станиците…
И оваа година едно се најави, друго се случи, но од „Макфест 2021“ ќе се простиме со желби за подобра динина – во секоја смисла но и желба ете за 40. јубилеј се’ да функционира како што некогаш било, но, за тоа…

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …