(ВИДЕО+ФОТО) СТРАШНО – Се огласил и Роналдо: Англиски фудбалер 26. роденден го дочекал во кома после брутален и кукавички напад – полицијата обвинила 15. годишник!

Отишол на друг континент да си ја бара среќата каде што беше брутално претепан.
Пред една недела, во неделата на 12. септември, по завршувањето на прославата на фудбалската сезона во Австралија, Дени Хоџсон бил брутално нападнат.
26-годишниот англиски фудбалер, кој отишол да си ја побара среќата во Австралија каде што игра за клубот ECU Joondalup, бил жртва на напад што се случил на железничка станица во Перт.
Додека го чекал возот, група од неколку млади луѓе му пришле на Хоџсон и го претепале.

Ударите резултирале со крварење во мозокот и несреќниот Хоџсон паднал во кома во која бил, за жал, сите овие денови што поминаа од нападот, но ќе му треба долго опоравување.
Полицијата на Западна Австралија започналс опсежна истрага во која е уапсено 15-годишно момче. Тој ќе се појави во Детскиот суд во Перт на 22. септември и останува да видиме дали во меѓувреме ќе се случи повторно апсење.

Во меѓувреме, пораки за поддршка доаѓаат до Хоџсон од сите страни, а реагираа и играчите на Манчестер Јунајтед. Голманот Дин Хендерсон е негов пријател од детството, па побарал од Кристијано Роналдо да го контактира Дани.
„Здраво Дени, штотуку слушнав за твојата приказна. Се надевам дека наскоро ќе оздравиш. Те поканувам тебе и твоето семејство да дојдете на еден од натпреварите во Манчестер. Оздрави бргу пријателе”, рекол Португалецот.
Родителите на Дени, таткото Петар и мајката Никола, која редовно ја информира јавноста за здравствената состојба на нејзиниот син на Фејсбук, отпатувале за Австралија.
Да додадеме дека е започната кампања за собирање што е можно повеќе пари за лекување на Дани. До сега се собрани повеќе од 151.000 австралиски долари.

Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …