Американската влада ги купува најскапите „Шевролет“ теренци во историјата!

ЦЕНАТА е стравична, дури и за американска поими.
Американската влада го обожава Chevrolet’s Suburban и сега нарачала 10 специјални примероци кои ќе ги платат дури 36,4 милиони долари.
Огромните теренци ќе бидат прилагодени на безбедносните прописи на ДСС (Дипломатска служба за безбедност) и ќе бидат испорачани во текот на следните две години.

Ако мислите дека овие Suburban се премногу скапи, работите донекаде се разјаснети од GM Defense. Имено, поради зголемените барања за носивост и вкупна тежина како резултат на бројни модификации, возилата добиваат нова, поцврста посебна шасија, исто како и вистинските теренци и работни возила. Исто така, другите компоненти ќе доаѓаат од специјални полици, од моторот и сопирачките, се’ до елементите на ентериерот.
Овие десет примероци се само вовед во понатамошна соработка. Имено, во текот на девет години, почнувајќи од 2023 година, GM Defense ќе и достави на американската влада 200. специјални Suburban возила.
Најголемата непознаница е погонот. Бидејќи администрацијата на Бајден е за електрификација на државната флота, а GM Defence веќе има соодветни електрични погони, вклучително и водородни, не е исклучено овие 10. возила да бидат барем електрифицирани. Во спротивно, најголеми шанси има 6.2 V8.

Фото: Chevrolet


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Луксузен или авантуристички туризам: „Чудовиште“ на батерии од длабочините на морето – само за најбогатите

Необичната електрична подморница е долга 35. метри, а во неа има теретана, ресторан и можност …