(ВИДЕО+Рецепт) Чекор по чекор: Како во налетот на корона да го зајакнете имунитетот

Домашен пијалок – витаминска бомба
Исто така постои и напивка наречена витаминска инјекција која штити од вируси и го зајакнува имунитетот.
Состојки:
2 моркови
половина стапче целер
сок од еден лимон
сок од еден портокал
1 јаболко
1 банана
малку мед
малку ситно рендан ѓумбир
чаша вода
Подготовка:измијте го овошјето, исечете го и ставете го во блендер. Добро измешајте. Додадете вода, мед и ѓумбир. И измешајте уште малку. На крајот, се што треба да направите е да уживате.

Движете се
Покрај балансираната исхрана, многу е важно да бидете физички активни за добар имунитет. Исто така, се покажало дека ако вежбате наутро, ќе бидете подобро расположени во текот на денот.


Напред – назад
Застанете право и исправено, со рацете блиску до телото. Движете ја главата малку напред, останете во таа положба пет секунди. Потоа повторете го истото, само овој пат поместете ја главата назад.

Истегнување на мачка


Клекнете на сите четири. Започнете со свиткување на грбот, така што главата е поблиску до карлицата. Потоа свиткајте го грбот во лак. Правете ги овие движења полека, околу четири или пет пати.

Подигање на нозете од страна

Легнете на страна со едната рака на страна. Подигнете една нога. Оваа вежба се изведува во серија од 10 или 15 повторувања.

Клекнувања

Застанете со нозете малку оддалечени од колковите. Рацете се пред вас. Потоа спуштете се како да сакате да седите додека не постигнете агол од 90 степени. Ако сакате, можете да отидете пониско. Потоа вратете се на почетната позиција. Повторете 15 пати во две серии за почетници.

Со правилна исхрана и вежбање, спиењето е третиот клучен столб за добар имунитет. И токму таа здрава исхрана и редовната физичка активност во текот на денот ќе ви помогнат да заспиете навечер како бебе. И иако знаеме дека имунитетот не може да се добие преку ноќ, секогаш е вистинското време да започнете да се грижите за него, а заштитата од короната е исто така добар мотив.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Кој е вистинскиот маж за вас на основа на вашата личност?

Дали некогаш сте пронашле личност која физички ве привлекува многу, но кога малку подобро ќе …