(ФОТО) Роналдо видел дете пред тренинг центарот на Јунајтед: Застанал и го воодушевил!

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО денес одвоил слободно време, откако дошол на тренинг, за да му го разубави денот на младиот навивач на Манчестер Јунајтед.
Момчето го чекало Роналдо на влезот во Карингтон, а во рацете имал картонска табла на која пишувало: “Роналдо, можеш ли да застанеш? Тоа ќе ми го разубави денот”.
Португалецот го забележал момчето и застанал со своето Ламборџини од 170.000 фунти за да го поздрави. Дознал дека младиот фан се вика Калум, а го наградил и со заедничка фотографија.
На Калум му боило лесно да го пречека Роналдо бидејќи Португалецот, како и секогаш, бил првиот од сите играчи кои дошле во тренинг центарот.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Солзите на Новак! Триумф за инает на депортацијата и од кон нови рекорди!

По завршувањето на мечот шампионот на Австралија Опен за 2023, Новак Ѓоковиќ, по традиционалниот поздрав …