(ФОТО) ДАЛИ БИ ЖИВЕЕЛЕ ТУКА? Копенхаген е најбезбедниот светски град!

КОПЕНХАГЕН е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од Economist Intelligence Unit во Лондон, во кој се рангирани 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, нова категорија воведена оваа година.
Копенхаген за првпат беше прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100.

– Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија – вели градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс.
– Копенхаген се карактеризира и со голема социјална кохезија и релативно мал јаз во богатството. Тоа е мешан град каде и помошничката за чистење и директорот се среќаваат во локален супермаркет и имаат деца во истото училиште – додал тој.

Канадскиот Торонто го освоило второто место со 82,2 поени, додека Сингапур е трет со 80,7 поени.
Иако Сиднеј го зазеде четвртото место со 80,1 поени, австралискиот град беше на врвот во категоријата за дигитална безбедност, додека на Токио му биле доделени 80 поени, со што јапонскиот град падна на петтото место.
Холандскиот Амстердам е шести, додека Новозеландски Велингтон го зазеде седмото место.
Мелбурн е на осмото место, додека шведскиот Стокхолм е на десеттото место.
На дното на листата се нигерискиот Лагос, египетскиот Каиро, венецуелскиот Каракас, пакистанскиот Карачи и Јангон во Мјанмар.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …