СЕКОЈА ЧЕСТ – Трогателна приказна за Тухел. И дал пари на чистачката да го лекува нејзиниот син и и’ купил куќа

Потресна приказна за Томас Тухел, кој пружил голема помош на жена од Филипините, се појави на ТВИТЕР, а француската РМЦ потврдил дека настаните се вистинити.
По пристигнувањето во ПСЖ во 2018 година, германскиот тренер ангажирал чистачка, по потекло од Филипините, за да ја чисти куќата. По некое време, тој и неговата сопруга се зближиле со неа и дознале дека таа ја работи работата за да заработи пари за операцијата на нејзиниот син кој имал проблеми со срцето.

Тухел одлучил да ја финансира операцијата и да помогне во лекувањето на нејзиното дете. Потоа, пред да замине од Париз во декември 2020. година, тој одлучил да ја покаже човечката големина со друг гест, кога купил куќа за чистачката на Филипините, бидејќи знаел за нејзината желба, еден ден, да се врати во својата татковина.

Оваа приказна имала над 25.000 лајкови на страницата Footy Accumulators на Твитер, но бидејќи често се случува слични приказни да се измислени, француската РМЦ ги проверила овие информации и потврдила дека е вистинита.

Тухел во тренерската кариера работеше во Аугсбург, Мајнц, Дортмунд и ПСЖ, а сега го предводи Челзи, кој го презеде во јануари оваа година, после што со него ја освои Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …