ЗАПАДНА ЕВРОПА НА ЕДЕН ЧЕКОР ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА: Земјите свртуваат нов лист, нема повеќе молби и апели!

Во СЛОВЕНИЈА, државните службеници повеќе нема да можат да работат со негативен тест за вирусот корона – ќе биде потребен сертификат за вакцинација.
Во Италија, дури и’ приватниот сектор повеќе не може без сертификати за ковид. Во Франција, невакцинираните здравствени работници се суспендирани без плата.
Додека владите низ Западна Европа апелираа до граѓаните да се вакцинираат, тие протестираа. Земјите сега преземаат се’ поодлучни чекори кон задолжителна вакцинација со цел конечно да застанат на патот на делта сојот и да спречат појава на нова, уште поопасна варијанта.


Студен туш за медицинарите антиваксери
Случајот со Франција покажува дека прашањето за вакцинација ќе биде се помалку прашање на избор. Во таа земја, претседателот Емануел Макрон најави „летна мобилизација за вакцинација“ со задолжителна вакцинација за здравствените работници пред неколку месеци.Медицинарите имале рок до средината на септември да примат некоја од вакцините, а владата не се обѕирала на протестите на антиваксерите кои се собираа на улица секоја недела.
Крајниот рок истече во средата, и од тој ден, персоналот во болниците, возачите на брза помош, работниците во пензионерските домови, приватните лекари, пожарникарите и луѓето кои се грижат за стари или изнемоштени лица во нивните домови – вкупно околу 2,7 милиони луѓе – мора да докажат дека имаат примено барем една доза од вакцината.
Околу 3.000 од најтврдоглавите, кои не веруваа дека владата навистина ќе се осмели да ги казни за невакцинирање, во четвртокот добија ладен туш. Сите, освен еден, се суспендирани од работа без плата, рекла министерката за здравство Оливија Веран. Како што наведува понатаму, има околу 3.000 суспензии во здравствените центри и клиники. Таа исто така вели дека „неколку десетици“ работници поднеле оставка затоа што не сакале да примаат вакцини.
Макрон летово рече дека, во случај на драстично влошување на епидемиолошката состојба, нема да се двоуми да нареди задолжителна вакцинација на општата популација.


Италија е најодлучна
Во април, Италија со декрет стана првата европска земја што воведе задолжителна вакцинација за здравствените работници, вклучително и фармацевтите. Оние што одбиле се соочија со суспензија до крајот на годината.
Италија сега презеде уште еден пионерски чекор за да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе – стана првата европска земја во која државните и приватните работници ќе треба да имаат сертификат за ковид -вирус, или доказ за вакцина, негативен тест или доказ за неодамнешна инфекција.
Новите мерки ќе стапат на сила на 15. октомври, а според нацрт -владината уредба до која Ројтерс имал пристап, секој работник кој нема докази ќе биде суспендиран, но не смее да биде отпуштен.
Луѓето кои не ги почитуваат мерките и работат и покрај суспензијата ќе треба да платат казна од 600 до 1.500 евра.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што сака некој да ви порача ако ве БАКНЕ во чело? Погледнете каква ПОРАКА носи овој чин!

Бакнежот во чело често изгледа како многу интимен чин, затоа што некој ви кажува дека …