Една домашна работа , ако ја правиме правилно, може да не ослободи од стресот

Вршењето домашни работи понекогаш не е толку забавно, но новото истражување покажува дека може да биде многу пријатно за психата.
Како што се испостави, една дневна обврска може да биде добра за нашето ментално здравје – миење садови. Истражувањата велат дека се додека ги миеме садовите на вистински начин, тоа може да ни помогне.
Истражувачите од државниот универзитет во Флорида имале 51. студент што мијат садови. Половина од учесниците биле замолени да ги мијат садовите откако прочитале краток описен пасус за миење садови. Од другата половина било побарано да ја завршат задачата откако го прочитале пасусот за внимателност. Овој пасус делумно гласел: „Кога миете садови, само садовите треба да се мијат. Ова значи дека за време на миењето на садовите, треба да бидете целосно свесни за фактот дека ги миете садовите”.


Дали забележувате толку многу зборови „садови”? Повторувањето на зборовите е токму поентата. Истражувачите заклучиле дека учесниците кои ги миеле садовите на повнимателен начин го зголемиле чувството за инспирација за 25. проценти и го намалиле нивото на нервоза за 27. проценти. Спротивно на тоа, групата што едноставно ги миеле садовите немале корист од извршувањето на задачата.
– Се чини дека секојдневната активност кон која се пристапува намерно и свесно може да ја подобри состојбата на свеста – се заклучува во студијата.



Значи, како може да го претворите миењето садови во ментален одмор? Направете го она што го направиле учесниците фокусирајќи се на добрите работи вклучени во задачата, како што се примамливиот мирис на течноста за миење и топлината на водата на вашите раце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПОЧИНАЛА НА 40 ГОДИНИ – Британската водителка која неодамна почина, им оставила трогателно проштално писмо на своите деца

Британската водителка, која почина на крајот на јуни по битка со ракот на дебелото црево, …