(ВИДЕО) ДЕВОЈЧЕ (2) ИМА РЕТКА БОЛЕСТ КОЈА СО ГОДИНИТЕ СЕ ВЛОШУВА: Ова слатко девојче ја мачи целото тело но најлошо и е со РАЦЕТЕ!

Приказната за малата Кори Рубен ги обиколи светските медиуми, а ова девојче дојде во центарот на интересот поради необичното нарушување со кое се роди. Имено, Кори боледува од лимфедем – неправилно функционирање на лимфниот систем, а понатаму оваа болест доведува до неверојатен оток и акумулација на течност во нозете, стомакот, стапалата и рацете.

Поради тоа, двегодишното девојче Кора Рубен имала екстремно отечени, речиси џиновски раце, и покрај бројните третмани и масажи, нејзините раце не престанаа да се зголемуваат. Но, еден германски експерт на нејзините очајни родители им открил дека 80 проценти од отокот е всушност маснотија, а само 20 проценти е лимфна течност.
Во договор со Кејси и Брет, мајката и таткото на слатката Кори, лекарите се согласија дека ќе подлежи на липосукција, и оваа постапка и овозможила на девојчето конечно да ги држи работите во раце и да носи нормална облека. Лекарите исто така веруваат дека таа ќе може да води нормален живот.
„Нејзините раце се најголемото нешто што луѓето го гледаат. Но, она што луѓето не го знаат е дека има оток по целото тело. Во стомакот, во двете нозе, на гениталиите и како што старее, отоците стануваат полоши и полоши”, објаснил Брет Рубен состојбата на својата ќерка и додал дека неговата сопруга имала нормална бременост, и дека лекарите по раѓањето им рекле дека отокот на телото на бебето на крајот ќе се намали.

„Првите неколку недели верувавме дека отокот ќе се намали, така ни рекоа. Но, тоа не се случи, затоа посетивме педијатар и беше дијагностициран лимфедем”, се сеќаваат родителите, посочувајќи дека д -р Емили Фолди од Германија помогнала најмногу, всушност, открила дека тоа не е само лимфна течност, туку и масно ткиво.
„Не е таа виновна што се роди со оваа состојба и ќе направам се што можам за да и помогнам да живее квалитетен и среќен живот“, рекла мајката за Daily Mail, додавајќи дека состојбата на Корина е далеку подобра од порано.
„Нејзината способност да ги зема и држи работите е многу подобра отколку порано. Рацете и се меки сега и може да ги повлече низ ракавите на фустанот што сака да го носи”.

Што е лимфедем?
Лимфедемот е тешка хронична и прогресивна болест која главно се јавува како оток во екстремитетите. Тоа е болест на лимфната циркулација, а ризичната група ги вклучува сите оние чии лимфни јазли се отстранети поради некоја причина или чиј лимфен систем е оштетен.
Има оток, постојат и други симптоми кои можат да укажат на оваа болест, вклучувајќи чувство на тежина, тешкотии при движење, тврда, затегната кожа.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) МОМЕНТИ КОИ ВРЕДИ ДА СЕ ЗАПОМНАТ – Прекрасните бебиња близнаци се „препознале“ по прв пат, нивните насмевки кажале се!

Иако понекогаш се караме со нашите браќа и сестри, таа љубов е огромна и значи …