(ФОТО) Обвинувања на сметка на ѕвездата на „Вовед во анатомија“: „Ги тероризираше колегите, добија ПТСП!“

АКТЕРОТ Патрик Демпси се стекна со светска слава со улогата на др. Дерек Шепард во популарната серија „Вовед во анатомија“.

Според книгата со наслов „How to Save a Life: The Inside Story of Grey’s Anatomy“ (Како да се спаси живот: Внатрешната приказна за Аанатомијата на Греј), актерот на своите колеги им предизвикувал срамни моменти на сетот, пишува Hollywood Reporter..

Оваа книга се смета за неофицијална приказна за хит серијата, а е напишана од Линет Рајс. Се одликува со бројни интервјуа со актери и луѓе кои работеле на серијата. Некои го ценеле Патрик, додека други се сетиле на не толку убавите моменти.
„Тој се држеше така на сетот бидејќи знаеше дека може да ја запре продукцијата и да ги исплаши луѓето. Имаше и конфликти со човечки ресурси, но ова не беше за сексуална злоупотреба. Тој ги тероризираше колегите и многумина се жалат дека ср уште имаат ПТСП кој им го предизвика”, изјавил извршниот продуцент Џејмс Д.Париот.

Во дел од книгата, Париот објаснува и како кадровските прашања довеле до „убиство“ на ликот на Др. Дерек Шепард.
на крајот на 11. сезона. Наводно, Патрик Демпси се судрил со авторката на серијата Шонда Рајмс и колешката Елен Помпео. Наводно, Елен била лута затоа што Патрик не се потрудил доволно и постојано се жалел на сцените.
„Дерек Шепард е и секогаш ќе биде неверојатно важен лик – за Мередит, за мене и за фановите“, рекла Шонда Рајмс, не сакајќи да навлегува во други детали.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …