(ФОТО) Глумицата се пријавила во затвор на отслужување на казната поради злосторствата поврзани со култот

Актерката Алисон Мек, позната по улогата во серијата „Смолвил“, се пријавила да ја отслужи казната во затвор во Калифорнија, пишува USA Today.
Алисон во јуни беше осудена на три години затвор откако се изјасни за виновна за учество во работата на сексуалниот култ NXIVM предводен од Кит Раниер. Алисон во култот донела жени кои биле жигосани таму, принудени на сексуален однос и тешка физички работа.
На судењето во јуни, актерката рече дека е свесна дека не може да го поправи она што го направила и им се извини на жртвите.
„Дојдов до заклучок дека морам да ја прифатам целосната одговорност за моите постапки, поради што ја признавам вината. Многу ми е жал за жртвите. Жал ми е за оние што беа повредени поради мојата приврзаност кон Кит Раниер, бидејќи јас згрешив“, рекла таа.


По отслужувањето три години затвор, започнуваат три години условна казна. Исто така, таа мораше да плати казна од 20.000 долари.
Обвинителите претходно изјавија дека култната актерка била активна шест месеци пред да биде уапсена. Жртвите што носела Кит ги злоставувал, изгладнувал, ги третирала како робови и ги истетовирала неговите иницијали на нивните тела.
Алисон била со Кит во Мексико во 2018. година кога тој бил уапсен. Кит е осуден на 120 години затвор.

Фото: Принтскрин/ABC news

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …