Организиран превоз до Стоби за изложбата на Петар Хаџи Бошков

За оние кои сакаат да дојдат на отворањето на изложбата со дела од Петар Хаџи Бошков „Окривање на иднината: Археологија на модерноста” на локалитетот Стоби, а немаат приватно возило, Националната установа „Стоби” организира превоз со автобус (во кој има уште 40 слободни седишта).

Утре на 18 септември (сабота), точно во 16 часот спроти хотелот Холидеј Ин (Скопје) во уличката, (каде стојат автобусите за меѓуградско патување), автобус со напис „Стоби/ Изложба на Петар Хаџи Бошков” ќе ги земе патниците и ќе ги превезе директно до локалитетот Стоби, каде во 18 часот ќе биде отворена поставката.

Тргнување назад за Скопје е точно во 19.45 часот од паркингот на туристичкиот главен влез од локалитетот Стоби.

При влезот во автобусот неопходно е приложување на сертификат за вакцина и вашето име и презиме.

За време на патувањето до Стоби и назад за Скопје неопходно е сите патници да носат заштитна маска, почитувајќи ги пропишаните актуелни владини препораки во услови на пандемија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …