???????

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, а денеска тимот на филмот одржа прес конференција на која режисерката Дума и екипата од филмот говореа за предизвиците, успесите, инспирацијата…

-Вистинит настан беше инспирација зафилмот и се случи во моето училиште, а случајот се појави и на вести. Од почетокот на идејата до денес се поминати пет години и сметам дека толку време е потребно за еден филм. Три години се развиваше сценариото, снимавме 6 недели на различни локации низ Скопје, а за да ги најдам овие прекрасни млади дами кои глумат во филмот ми требаа 6 месеци. Заедно се подготвувавме низ разговори, а за мене беше најважно да се вистински тинејџери. За мене нивниот свет е познат бидејќи до неодамна и јас бев скоро тинејџерка, рече Дума.

Таа подвлече дека се надева дека филмот ќе допре до младите и тинејџерите, тие мојата таргет група, а втората се родителите на тинејџерите и дека во нашето општество нешто ќе се помрдне по овој проблем кој е реален и многу сериозен

Филмот има фасцинантни сцени под вода.

-Процесот на снимање беше сложен. Од самиот избор на локации, избор на костими, боите… траеше долго, го креиравме заедно со Дина и резултатот го видовте. Сцените под вода беа предизвик и за Дина и за мене и за екипата. Во поглед на техничкиот дел можеби денеска сето тоа е многу поедноставно отколку што било тоа порано, меѓутоа се соочивме со секакви проблеми. Во Македонија, пред се не постои опрема за подводно снимање и моравме да ја изнајмиме од Хрватска, да дојде специјална екипа која се грижеше за опремата, имавме нуркачи…, објасни Наум Доксевски, кинематографер на филмот „Сестри“.

???????

На прес конференцијата присуствуваше и авторот на музиката Игор Василев Новоградска, кој истакна дека досега не работел на сличен филм како овој на Дина.

-Немаше многу простор за музицирање, филмот е доста поетичен, има преубави сцени во вода, музиката требаше само да го поддржи тоа поетизирање, рече Василев.

Дел од актерската екипа која присуствуваше на прес конференцијата истакна дека работата на „Сестри“ за нив  било предизвик.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …