Седум начини како да запреме НАПАД НА ПАНИКА и да си помогнеме!

Нападите на паника се ненадејни и интензивни напади на страв или вознемиреност. Тие се силни и имаат физички и емоционални симптоми.
Многу луѓе со напади на паника може да имаат потешкотии во дишењето, изобилно се потат, треперат и чувствуваат како им чука срцето. Некои луѓе, исто така, ќе доживеат болка во градите и чувство на одвоеност од реалноста или од самите себе за време на нападот на паника, па затоа може да мислат дека имаат срцев удар.

Како да се запре нападот на паника?
Постојат начини на кои можете да ги смирите стравовите и да се доведете во состојба на мир.

Длабоко дишење
Длабокото дишење може да ги намали симптомите на паника. Фокусирајте се на длабок здив и издишување преку устата, чувствувајќи како воздухот полека ги исполнува градите и стомакот. Вдишете четири секунди, држете една секунда, а потоа издишете уште четири секунди, пишува Healthline.

Сфатете дека имате напад на паника
Сфаќајќи дека наместо срцев удар имате напад на паника, ќе имате на ум дека е привремено, дека ќе помине и дека сте добро.

Затворете ги очите
Некои напади на паника доаѓаат од предизвикувачи што ве обземаат. Ако сте во сабрзана средина со многу стимули, ова може да предизвика напад на паника. За да ги намалите надворешните влијанија, затворете ги очите за време на нападот на паника. Ова ќе ве фокусира само на дишење и смирување.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …