ПОЖОЛТЕНАТА ПЛАСТИКА ЌЕ ИЗГЛЕДА КАКО НОВА: Ќе ги избелите дури и старите приклучоци, прекинувачи, рамки на прозорците…

Пластичните работи како прекинувачи, приклучоци, далечински управувачи и слично често добиваат жолтеникава боја која не изгледа убаво и ги „боцка“ очите на многу домаќинки. Ако сте една од нив, имаме одлични вести за вас, со помош на едноставен трик можете да вратите прекрасна бела боја на овие предмети.
Пред да започнете со дејство на отстранување на жолти траги од пластика, треба да подготвите сад што подоцна ќе го наполните со вода, детергенти, мека ткаенина за триење на пластичната површина, суви крпи, стари четки за заби и гумени ракавици за да ја заштитите вашата кожа.

Како да се отстрани жолтилото од пластиката со различни средства

Ако одлучите да користите сода бикарбона, можете да се обидете нежно да ја втриете во пластиката користејќи влажна крпа. Можете исто така да растворите сода во малку вода и на тој начин обидете се да ги протриете сите површини што се валкани и добиле жолта боја.
Освен со сода, грдото жолтило можете да го отстраните со користење на обичен детергент за миење садови. Неопходно е да ставите една мала чаша детергент во контејнер исполнет со четири литри вода.
Ако претпочитате да користите некои од природните препарати за отстранување на жолтило од пластика, можете да користите јаболков оцет, кој ќе го нанесете директно на површината.
Покрај тоа, добро е да се користи мешавина од оцетна киселина во комбинација со вода. Растворете малку оцет во сад со вода и испрскајте ја површината што сакате да ја исчистите со овој раствор. Бидете внимателни со приклучоците и прекинувачите, така што водата да не влегува на места каде што има електрична енергија.
Истите методи за чистење можете да ги примените на пожолтени ПВЦ врати или прозорски рамки, тостери, далечински управувачи, климатизери и слично.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …