НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп: Симфониски концерт за деца „Петре и волкот“

На 17 септември 2021 /петок/ од 19.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Петре и волкот“. Диригент е Борјан Цанев, наратор Мартин Јорданоски.
Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 ч. и во петок од 10 до 12 ч. и од 17 до 19.00 часот.
Ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот.


Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. Наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре.
Гостувањето на НУ Филхармонија на РСМ во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 27-31 октомври ќе се одржи шестото издание на МФФ Киненова

Небојша Јовановиќ, директор на МФФ Киненова Би сакал најнапред на истакнам дека сум поприлично горд …