(ВИДЕО+ФОТО) Познатата тенисерка се омажи за милијардер од Македонија

Симона Халеп, моментално 11 -та тенисерка во светот, се омажи за Тони Јуруц оваа среда, а нивната венчавка привлече големо внимание во јавноста.

Двократната Гренд слем шампионка и поранешна најдобра тенисерка на планетата одлучи својата двегодишна врска да ја круниса со брак.
Се венчаа на брегот на Црното Море во градот Констанца, родното место на тенисерката.
Тие се верија од јуни оваа година, а кон крајот на септември Халепова ќе го прослави својот 30 -ти роденден.
Јуруц е познат бизнисмен и сопственик на неколку компании, а по потекло е од Македонија.

Интересно е што венчавката беше одложена за септември на инсистирање на таткото на романската тенисерка Стереа, бидејќи сакаа Симона да игра на УС Опен, а потоа да заврши некои приватни работи.

Фото: Принтсктин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …