(ВИДЕО+ФОТО) Критичарите за документарниот филм за Шумахер на Нетфликс: „Филмот е роботска вежба за позиционирање на брендот Шумахер!“

Критичарите имаат широко поделени мислења за документарецот исто како што Шумахер секогаш предизвикуваше различни мислења во спортскиот свет.


Објавен е документарец на Нетфликс за Михаел Шумахер, седумкратен светски шампион во Формула 1, кој доживеа тешка несреќа на скијање во декември 2013. година и не беше виден во јавност веќе 8. години. Ова е причината зошто овој документарец се очекуваше со нетрпение, бидејќи беше ветено дека ќе открие портрет на оваа легенда во Формула 1 со досега невидени снимки од семејната архива. Дополнително, документарниот филм ветуваше разговори со членовите на семејството, неговите тимски колеги, како и возачите кои се важни во оваа приказна и иако ветувањето беше исполнето, мислењето на критичарите е доста поделено и оние што би можеле да го гледаат филмот пред објавувањето не се воодушевени од што беше прикажано.


Филмскиот критичар на „Телеграф“ смета дека филмот е катастрофално лошо оценет и дека е прикажан како „роботска вежба за позиционирање на брендот Шумахер“. Спортските новинари од британскиот весник „Телеграф“ истакнуваат дека филмот промашил заоблен поглед на ликот на Шумахер и дека сите оние што го очекувале ќе бидат разочарани. Филмот го коментираше и главниот противник на Шумахер во борбата за титулата во 1994. година, Дејмон Хил, кој рече дека ја преминал границата, но одбилда ги процени неговите постапки. “Го направи она што требаше да го стори. Дали и јас ќе го сторам истото на негово место? Не знам”, рекол Хил на контроверзноста прикажана во Аделаида од 1994 година.


„Телеграф“, исто така, истакнува дека филмот е снимен за фановите на Шумахер. Така, неговите лоши особини како тежок карактер и агресивниот стил се прикажани во позитивно светло. Покрај тоа, филмот не открива детали за неговата моментална состојба или неговите неодамнешни снимки, што можеби фановите најмногу ги посакувале, но семејството јасно ставило до знаење дека сака неговата состојба да ја чува во приватност. Сепак, „Телеграф“ посочува дека спортските sвезди најчесто се прикажуваат во позитивно светло по смртта, па иако Шумахер е сеуште жив, таквото шоу започна уште во декември, а овој филм само ќе ја зајакне неговата позиција како спортска икона.

Фото: Принтскрин/YouTube/Netflix

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …