3 во 1: Што ни носи новата комбинирана вакцина на „Модерна“?

Компанијата „Модерна“ работи на целосно нова вакцина која ќе биде ефикасна и’ против корона и грип, но и против респираторниот синцицијален вирус. Истражувањето е сеуште во тек, но веќе дава голема надеж на сите нас бидејќи води кон живот без маски.
„Модерна“ неодамна објави дека развива комбинирана вакцина што всушност ќе биде дополнителна засилувачка доза за ковид и заштита од вирусот на грип, и дека вакцината подоцна ќе биде изменета за да работи против респираторниот синцицијален вирус и други респираторни заболувања. Ќе се дава како сезонска вакцина.

„Веруваме дека имаме голема шанса доколку успееме да лансираме сезонска вакцина против рецидивирачки болести. Веруваме и дека Модерна ќе биде првата на пазарот што ќе успее во такво нешто“, рекол директорот на Модерна, Стефан Бансел.
Инаку, оваа компанија спроведува клинички истражувања за вакцина против респираторен синцицијален вирус за стари лица, истовремено истражувајќи комбинација на вакцини против корона и грип.
Во меѓувреме, пристигна веста дека клиничкото испитување на комбинираните вакцини ќе започне во следните шест до 12 месеци.
Покрај тоа, Новавакс објави студии кои ќе тестираат комбинирана вакцина против грип и корона.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) 5. ГОДИНИ БИЛА КАЛУЃЕРКА, А ПОТОА ДОНЕЛА ЖИВОТНА ОДЛУКА: Денес е мажена жена и мајка на шест деца!

Поранешна калуѓерка раскажала дека била калуѓерка во манастир пет години и одлучила да го промени …