Славната холивудската актерка Мила Јововиќ е родена во Украина во 1975 година.
Нејзина мајка е руската актерка Галина Огинова Јововиќ, а татко и е српскиот лекар Богдан Јововиќ, чие семејство потекнува од Црна Гора. Мила не зборува често за својата приватност и корени во јавноста, сепак, во една прилика одлучила да сподели шокантни детали од животот на членовите на нејзиното семејство.
Имено, Мила еднаш објави фотографија од нејзината баба Татјана Ивановна, која проживеела вистински пекол за време на Втората светска војна. Како што рекла актерката по тој повод, нејзината баба секој ден и гледала во смртта во очи, а за време на борбата за опстанок, доживеала страшни сцени.
– Баба ми Татјана Ивановна се приклучила на армијата на 16 -годишна возраст како медицинска сестра и пристигна во Берлин. Таа спаси животи, а сопствениот едвај. Цело време се криела под мртви тела за да преживее. Оваа девојка имаше толку тежок живот и секој ден и гледала на смртта во очи. Потоа се вратила и го започнала животот од нула, воспитувајќи две деца како самохрана мајка. Секогаш ќе се сеќавам колку беше прекрасна. Среќна сум што бев со неа неколку месеци пред да почине, ја однесов на прошетки додека беше во инвалидска количка и ми зборуваше за животот. Тие моменти се повеќе од посебни. Те сакам, бабо, многу ни недостигаш! – напиша Мила покрај фотографија од нејзината баба.
Она што е неспорно, покрај многу болната и тешка животна приказна на нејзината баба, е дека ликот на Мила неспорно потсетува на неа.
Фото: Принтскрин/Instagram