(ФОТО) ЖИВОТОТ Е ЧУДО – ОКСАНА РОДИЛА ПЕТОРКА, А ТОГАШ ЈА НАПУШТИЛ СОПРУГОТ: 5 години подоцна, живее подобро од кога било!

Кога Дејвид, Денис, Влад, Саша и Даша наполниле шест месеци, нивниот татко одлучил да го напушти семејството, па поднел барање за развод.
До денес, причината за неговото заминување не е позната. Оксана не сакала да го коментира заминувањето на Сергеј.

Потоа започнала „забавата“. Сергеј не сакал да плати алиментација за своите шест деца:
„Јас не сум физички способен. Бев повреден додека бев во брак. Затоа сега не можам финансиски да им помогнам на Оксана и децата”, рекол Сергеј.
Оксана само се смеела на неговата изјава. Таа рекла дека ако Сергеј нема пари, може да дојде и да се грижи за децата – бидејќи тоа е доволна помош. Петорката била темпераментна, постојано нешто кршеле, рушеле…
Сергеј не ја посетил петорката, ниту постарата ќерка.
Оксана можеби страдаше поради неговото заминување, ако нејзините деца не и ги окупираа сите нејзини мисли и цело време што таа го имала. Научила да вози минибус за да може да ги вози децата на училиште, градинка, здравствен дом …

Љубезните луѓе основале фонд за помош на Оксана и децата. Како самохрана мајка на шест деца, Оксана исто така добила помош од државата.
Покрај тоа, Оксана нашла начин да заработи.
Таа отворила блог, каде што го опишала животот со шест деца. Животот на ова необично семејство го следат над 100.000 луѓе. Децата учествуваат во снимањето реклами, а семејството заработува многу од тоа.
Оксана успеала да преживее во тешките моменти од својот живот и да остане силна. А што се случи со Сергеј?
Се чини дека таткото на семејството одлучил да продолжи да се крие зад имагинарна болест.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Зимата полека освојува: Еве какво време не очекува наредните 5. дена!

Во понеделник ќе биде претежно облачно со пообилни врнежи од дожд, кои на повеќе места …