(ФОТО) ЖИВОТОТ Е ЧУДО – ОКСАНА РОДИЛА ПЕТОРКА, А ТОГАШ ЈА НАПУШТИЛ СОПРУГОТ: 5 години подоцна, живее подобро од кога било!

Прочитајте ја приказната за една навистина силна жена
До 2015 година, семејството на Оксана Кобелецкај и Сергеј Семенов не се разликувало од милиони други: мајка, татко и ќерка Алиса.
Неколку години по раѓањето на нивната најстара ќерка, парот почнак да размислува за проширување на семејството.
Кога на ултразвук дознале дека ќе добијат петорка, останале без текст. Петорките се карактеристични за бременост надвор од телото, но не и природна. Оксана беше единствен случај. Една од 85. милиони бремени жени.

Лекарите во Одеса веднаш предложиле отстранување на неколку ембриони, за другите да можат нормално да се развијат. Идејата не и се допаднала на Оксана. Таа одлучила: колку што и дава Бог, толку деца ќе роди.
Меѓутоа, нејзиниот сопруг не бил задоволен од нејзината одлука. И тогаш, за прв пат, ја напуштил Оксана.
Тој заминал, но не долго. Или неговите родители го принудиле, или тоа била неговата совест, главно Сергеј се врати кај Оксана. Двојката заедно го дочека крајот на бременоста.
Во 2016. година, се роди петорката. Децата тежеле малку: од 1.200 грама до 1.900 грама.

Оксана родила три момчиња: Дејвид, Денис и Влад и две девојчиња: Саша и Даша. Петтемина станаа вистинска сензација, не само во Одеса, туку и низ целиот свет. Градоначалникот веднаш им ги предал клучевите од станот со пет соби, а новинарите постојано ги малтретирале.
Додека била во болница, Оксана имала голема помош од персоналот. Меѓутоа, кога се вратила дома, нејзиниот сопруг и мајка се обидувале на секој начин да и помогнат со децата.
Во првите неколку месеци, Сергеј бил таму за да и помогне на Оксана да ги нахрани, капе и преповива бебињата. Таа работа немала крај. Само што ќе преслечете едно бебе, другото мочкало. Таман ќе нахраните три, четвртото и петтото плачат затоа што се гладни.

По неколку месеци, Сергеј изјавил дека е уморен. Оксана ја прифатлаи таа изјава како машка слабост. Не и било јасно како може неа, на мајката, да и каже дека е уморен, додека тој знаел да поминува 3. часа дневно на компјутер играјќи игри.
… Децата барале постојано внимание. Капењето и менувањето пелени траело вкупно три часа. Оксана сама станувала ноќе за да се грижи за децата, бидејќи Сергеј одбил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …