Начин на исхрана што го намалува ризикот од ковид

Според истражувачите од Општата болница во Масачусетс, поврзана со Харвард, луѓето кои претпочитаат растителна исхрана имаат помал ризик од сериозни симптоми на ковид.
Дебелината и дијабетесот се фактори за кои е докажано дека носат поголем ризик од инфекција, но влијанието на самата исхрана не е утврдено.
„Претходните извештаи сугерираат дека лошата исхрана е заедничка карактеристика меѓу групите особено погодени од пандемијата, но недостасуваат податоци за односот помеѓу исхраната и ризикот од ковид 19, како и сериозноста на симптомите“, вели водечкиот автор Д-р Џорди Мерино.


Мерино и неговиот тим анализираа податоци за 592.571 учесник во студијата од Велика Британија и САД, кои ги следеа од 24. март до 2. декември 2020. година. На почетокот на студијата, тие пополнија прашалници за нивните навики во исхраната пред пандемијата, и во текот на следното – а за време на следењето 31.831 учесници биле заразени со корона.
Вкрстувањето на податоците покажало дека оние чија исхрана се базирала на овошје и зеленчук имале 9% помал ризик од инфекција и 41% помал ризик од развој на тешки симптоми на ковид 19.
„Иако не можеме доволно да ја нагласиме важноста од вакцинирање и носењето маска во затворени простории, нашата студија сугерира дека поединците исто така можат потенцијално да го намалат ризикот од заболување од ковид или фатален исход ако обрнат внимание на нивната исхрана“, забележуваат научниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …