Дневен хороскоп за среда, 15.09.2021: Нема потреба да барате виновник за вашите неуспеси. Делувате провокативно кон вашиот партнер, но не го постигнувате посакуваниот ефект…

Овен
Љубов:
Некој ве носи до ново емоционално искушение. Размислувате за одговор или начин како да се однесувате кон блиска личност.
Работа:
Се’ се сведува на принципот на земање или давање, она што го добивате има висока цена и бара многу напор.
Здравје:
Избегнувајте импулсивно однесување, опуштете се.

Бик
Љубов:
Вие непотребно играте „двојна улога“ во друштво на саканата личност. Постојано се обидувате да прикриете некои настани.
Работа:
Ако вашите деловни цели не се совпаѓаат со заедничките интереси, променете ја вашата оригинална стратегија и прифатете разумна ориентација.
Здравје:
Обрнете внимание на посоодветна исхрана или подобра заштита.

Близнаци
Љубов:
Пријатно изненадување ве очекува на состанок со блиска личност. Обидете се да возвратите на сличен начин, бидете доволно имагинативни.
Работа:
Соочени со нови и напорни обврски, важно е да се влијае врз нечие мислење со цел да се забрза заедничкото дејствување.
Здравје:
Ќе ви годи излегување или престој во природа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскопски парови кои во креветот имаат експлозија на страст

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …