(ВИДЕО) СПАСУВАЊЕ НА ДЕВОЈЧЕ ОД ПОЖАР: Американски пожарникар влегол во огнена стихија 

Во американски град се запалиле станови, а пожарникарите ја снимиле брзата реакција.
Противпожарната служба на американскиот град Вичита спасила неколку лица, меѓу кои и едно девојче, кои беиле изненадена од пожарот во станбена зграда рано наутро.
Неколку дена подоцна, одделот објави видео од телесната камера на пожарникарот на кое се гледа како зградата е зафатена од пламен.
– Отворија една од вратите под која гореше оган и најдоа две деца и мајка, кои беа зачудени што сме таму. Веројатно не сфатиле дека становите над нив се навистина во пламен – рекол капетанот на противпожарната бригада, Чад Кок.

Спасувачите успеале да ги ослободат луѓето во комплексот во рок од две минути откако пристигнале на местото на настанот. Шефот на пожарникарите рекол дека пожарникарите веќе тренирале во овој комплекс.
Никој не загина, велат пожарникарите, но поради здобиените повреди на самото место се згрижени четворица жители и двајца пожарникари. Истражителите велат дека вкупната штета е околу 250.000 американски долари.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …