(ВИДЕО+ФОТО) НАДАЛ МИНУВА НИЗ ДРАМА! РАФА ПРВ ПАТ СЕ ОГЛАСИЛ ПОСЛЕ ОПЕРАЦИЈАТА: „Не планирав да куцам – работите се искомплицираа!

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал прв пат зборуваше по операцијата на левото стапало.
Шпанецот минатиот викенд на Инстаграм откри дека имал „медицински третман“ на стапалото на левата нога, а сега откри дека се работи за операција.
„Добро сум, стапалото малку ме боли. Ова е период што е комплициран на лично и професионално ниво, но, искрено, со илузија на подобрување и соочување со процес кој ќе биде тежок и болен во одреден момент, но што морам да го поминам за да се вратам во позиција да се борам за она што го сакам. Решен сум да го направам тоа“, рекол Надал.

Рафа во кариерата освои 20. грен слем титули и го дели првото место на вечната листа со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
„Сценариото беше да играм на Вимблдон, Олимпијадата или УС Опен. Во сценариото не требаше да куцам денес. Мора да се прилагодите и да ги прифатите работите како што доаѓаат. Имав фантастични достигнувања, поголеми отколку што можев да сонувам, но исто така комплицирани моменти поради повреди. Во рамките на она што е можно, јас секогаш наоѓав начин да напредувам. Работите стануваат покомплицирани бидејќи часовникот отчукува, но јас сум позитивен и среќен за се што направив”, нагласил Надал.
Рафаел Надал беше во Вашингтон за последен пат, и ќе паузира до крајот на годината.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна судењето на Бензема, му се заканува казна од пет години затвор

Истражителите велат дека Бензема го охрабрил Валбуена да им плати на уценувачите откако му ги …