Apple денес ги претставува новите апарати, еве што засега се знае за iPhone 13

APPLE денес во 19 часот по локално време ќе ги презентира новите уреди.
Се шпекулира дека ќе биде претставен и нов iPhone. Извештаите сугерираат дека компанијата ќе го нарече iPhone 13 и дека ќе доаѓа во четири различни модели – iPhone 13, iPhone 13 Mini, iPhone 13 Pro и iPhone 13 Pro Max.
Кога станува збор за новите карактеристики, TechCrunch пишува дека со сигурност може да се каже дека ќе има големи надградби на камерата и дека оваа година се чини дека компанијата е фокусирана на подобрување на видеото.
IPhone 13 треба да има помоќен хардвер и подобар екран. Исто така, се очекува Apple денес да претстави нов модел на Apple Watch, а се споменува и AirPods 3.
Настанот ќе биде достапен за следење во живо YouTubeu.

Фото: forbes.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Hyundai Casper е едноставно неодолив: Сестран crossover за 10.000 евра

Во ЕВРОПА, Хјундаи со својата понуда се спушти до моделот Бајон, што е малку пониско …