(ФОТО) Џеф Бриџис: „После заразата со корона, борбата со ракот ми се чинеше како ‘мачкина кашлица’!“

Оскаровецот Џеф Бриџис објави дека неговиот лимфом е во фаза на ремисија и откри дека се заразил со коронавирус во јануари, што досега го чуваше во тајност.
„Многу се случи од мојот последен пост“, напиша Бриџис на својот блог каде што последен пат објави во јануари. „Ракот е во фаза на ремисија, масата се намали до големина на камен“, објави тој и ја започна приказната за инфекцијата со коронавирус.

Филмската sвезда Биг Лебовски и сопругата Сју биле изложени на коронавирус во центарот каде што актерот примал хемотерапија. И двајцата завршиле на интензивна нега веднаш по инфекцијата, раскажал тој. Сопругата била на интензивна нега пет дена, а тој, со имунолошкиот систем ослабен од хемотерапија, пет недели.
„Мојата борба со ковид ја направи борбата со ракот да ми изгледа како мачкина кашлица“, напиша тој. Тој, исто така, откри дека сакал тоа да го објави уште во март, но се воздржал додека коронавирусот целосно не го победи. Сега короната е зад него, вели тој.

„Ковидот добро ме погоди, но сега сум вакциниран двапати и се чувствувам многу подобро“, напишал тој. Тој се заблагодарил на својот физиотерапевт кој му помогнал да се опорави. „До неодамна, ми требаше кислород за да можам да одам, звучев како Дарт Вејдер“, се пошегувал оскаровецот, фалејќи се дека конечно успеал да ја одведе својата ќерка Хеј, која се омажи во август, до олтарот.

Да потсетиме, Бриџис во октомври 2020 година објави дека боледува од лимфом.
„Како што би рекол пријателот, се појавија нови срања … Дијагностициран ми е лимфом. Иако тоа е сериозна болест, имам среќа што имам одличен тим лекари и прогнозите се добри. Почнувам со третман и ќе продолжам да информирам за закрепнувањето”, напиша тој тогаш.
Околу десет дена подоцна, тој се јави од болницата и им се заблагодари на сите што беа со него. Потоа позираше во болничка ноќница до витрината со лекови што ги примаше интравенски.
Тој ја документираше својата борба на социјалните мрежи се додека не се пензионираше во јануари оваа година, се досега.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На родителите со презентација им открила дека е стриптизерка

Лекси од Портланд, Ореган, долго време се двоумела да им признае на родителите со што …