ТОЈ ЛУД СВЕТ: Бизарното барање на свекрвата ја ШОКИРАЛО сопругата на починатиот син

Понекогаш свекрвите навистина немаат мерка
Млада жена останала вдовица, откако нејзиниот сопруг починал по долга и тешка битка со ракот. Само неколку дена по неговата смрт, таа била повикана од нејзиниот свекор и свекрва со многу бизарно барање.
Убедени дека ќе се излечи, тие одлучиле да замрзнат неколку примероци од неговата сперма, за хемотерапијата да не ја уништи плодноста, но за жал, третманот бил неуспешен и нејзиниот сопруг починал.

„Бараа сопственост на спермата на мојот сопруг“
– Неговите родители ми се јавија неколку дена по неговата смрт и ме прашаа дали размислувам да одам на вештачко оплодување, на што реков не. Потоа ме прашаа дали можам да им ја пренесам сопственоста на спермата, за тие да ја искористат за да добијат внуче. Претпоставувам дека планираат да ангажираат сурогат мајка за ова, но признавам дека бев толку изненадена и збунета што дури и не прашав – напиша жена на една социјалната мрежа и додала:
– Тие тагуваат, а јас им ја ускратувам можноста да имаат внуци. Сепак, се чини дека тие само сакаат нивната крвна линија да продолжи без разумно размислување за тоа – објаснила таа. Коментарите на луѓето биле различни, и многумина биле шокирани од одлуката на неговите родители.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …