(Рецепт) НЕШТО НОВО – Подобро од пинџур и ајвар: Салата а не е само тоа!

Кога ќе завршите со подготовка на ајварот и другата зимница, започнете со подготовка на ловечката салата.
Се прави од се што ви остана – пиперки, домати, модар патлиџан, со додавање моркови, кромид и лук.
Подготовката е многу едноставна, а вкусот уникатен – нешто помеѓу ајвар, лутеница и пинџур.
Состојки: 1 литар сок од домати, 2 кг црвени пиперки, 500 гр кромид, 500 гр морков, 100 гр сол, 100 гр шеќер, 100 мл јаболков оцет, 100 мл масло, 2 лажици сушен магдонос, ловоров лист, по избор 6 чена лук, кесичка конзерванс.
Подготовка: сомелете го кромидот и додадете го во сокот од домати. Варете половина час на средна температура. За тоа време, исчистете ги и исечете ги пиперките на коцки, а морковот на кругови. Подгответе го лукот и него сомелете го.
По половина час варење на домати и кромид, додадете сецкани пиперки, моркови, лук, ловоров лист и полијте се со масло, оцет, сол и шеќер. Промешајте и оставете да се вари помеѓу 90 и 120 минути, во зависност од тоа колку течност има, колку е сочна пиперката, како и јачината на шпоретот.
По час и половина, проверете ја густината, дополнително ќе се згусне кога ќе се излади. Густината треба да биде нешто како ајвар. Ловоровиот лист може да се отстрани. Тргнете го садот од оган, додадете магдонос и конзерванс, промешајте и оставете 10 минути. Од оваа доза се добиваат 5 големи тегли и една мала.
Наредете ги теглите на плех, вклучете ја рерната на 60 степени и загрејте ги теглите. Наполнете ги врелите тегли, убаво завиткајте и оставете да се излади па наредете меѓу другуте тегли од зимницата.

Фото: Принтскрин Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дина Дума откри дека вистински настан и бил инспирација за „Сестри“

Филмот „Сестри“ на режисерката Дина Дума го отвори 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“во Битола, …