А1 Македонија со нова ИКТ услуга за бизнис сегментот – Offensity за согледување на можните ризици навреме и заштита од хакерски напади  

А1 Македонија најавува воведување на најновата ИКТ услуга–Offensityкојаим помага на компаниите да ги идентификуваат слабостите и безбедносните пропусти во нивната јавна интернет инфраструктура и преку добиените извештаи и потребни информации истите и да ги отстранат.

Offensityпретставува автоматизирано решение за откривањена потенцијални слабости во инфраструктурата на компаниите и дава можност на корисникот да ја види целосната слика за ранливоста на целата ИТ околина што напаѓачот (хакер) би можел да ја искористи за планирање и спроведување на хакерски напад.

Offensity редовно ја скенира јавната интернет инфраструктура на корисникот и ги детектира и дава извештаи за сите идентификувани ризици, и вклучува скенирање на ранливоста на мрежата и на Web апликациите, безбедност на ДНС (Domain Name System), протекување податоци, проверка доколку системите се појавуваат на црните листи и друго.

Покрај тоа, Offensity исто така мониторира податоци од безбедносен карактер (е-мејл, кориснички имиња, лозинки и сл.) кои се поврзани со корисничките домени, а се достапни на интернет.

Услугата дава извештаи за идентификуваните ризици, нивна класификација според нивото на ризикот (од ниско-ризични до критични), и исто така дава потребни информации за отстранување на ризиците бидејќи услугата самата не ги отстранува идентификуваните ризици и ранливости.

Offensity, услугата која е развиена во рамките на А1 Телеком Австрија Групацијата и е широко прифатена од компаниите во европските земји е уште еден доказ за посветеноста на А1 ТАГ кон креирање и обезбедување на продукти кои овозможуваат зголемена безбедност на инфраструкурата на компаниите.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Hyundai Casper е едноставно неодолив: Сестран crossover за 10.000 евра

Во ЕВРОПА, Хјундаи со својата понуда се спушти до моделот Бајон, што е малку пониско …