Новак без календарски слем: Медведев ја пишува својата историја!

Новак Ѓоковиќ остана без календарски грен слем. Во финалето на УС Опен, српскиот тенисер загуби од Данил Медведев со 6:4, 6:4, 6:4.
Ѓоковиќ имаше историска шанса да стане првиот тенисер по Род Лејвер во 1969 година, кој ќе триумфира на сите четири големи турнири.
Сепак, Медведев не се грижеше за тоа во неделата во Њујорк. Вториот тенисер на светот одигра фантастичен натпревар, па ја освои првата Грен слем титула во кариерата. На некој начин му се одмазди на Србинот за поразот во финалето на Австралија опен на почетокот на годината.
Веќе на почетокот на натпреварот, беше очигледно дека Новак беше нервозен, дека притисокот можеби беше преголем. ТПрвиот рекет во светот не беше на негово ниво, па загуби во своето 31. грен слем финале. Ѓоковиќ остана на 20 -те најголеми титули и тоа е рекорд што тој се уште го дели со Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …