Денеска е Празник на појасот на Пресвета Богородица: Еве што треба да направи секоја жена

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 31 август. Денеска е Положување на појасот на Пресвета Богородица.
Жените овој празник го минуваат во строг пост и молитва, за полесно да раѓаат, а оние кои не можат да имаат деца одат во црква или манастир посветен на Богородица и ја молат за милост.Велат дека со молитвата жените кои не можат да имаат деца ќе добијат а болните ќе се излечат.
Празникот се празнува поради чудото што се случил со овој појас на Пресвета Богородица. Тој ја излекувал царицата Зоја, сопруга на царот Лаф Филозоф, кој нашол место и во нашата традиција.
Празникот Положување појас на Пресвета Богородица или Богородичин појас се празнува во спомен на денот кога Богородица прв пат се опашала. Меѓу облеката останата од Пресвета Богородица бил и нејзиниот појас, кој бил предаван од поколение на поколение меѓу верниците.

 

По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија. Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886 г. – 912 г.). Сопругата на Лав, царицата Зоа, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица. Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве. Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе. На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.

Светиот свештеномаченик Кипријан
Се роди од родители неверни и самиот беше воспитан во незнабоштво. Стана прочуен во Картагена како учител за философија и реторика. Беше женет. Но, кога стана христијанин, престана да живее со жената и се предаде на деноноќен подвиг на проучување на Светото Писмо и восовршување на својот карактер. Заради неговите необични добродетели беше избран за презвитер, а набрзо и за епископ. Колку што беше милостив кон христијаните толку беше тврд кон еретиците. Под раководство на Светиот Дух напиша бројни поучни дела. Особено снажно пишуваше против идолопоклонството, јудаизмот и ереста на Новацијан. Прекрасни му се написите за девственоста, за мачеништвото, за милостината, за трпението, за молитвата Господова итн. Пострада во времето на Валеријан и Галиен, во 258. година. Пред смртта Му се помоли на Бога, го благослови народот, и остави дваесет и пет златници за да му се дадат на џелатот што ќе го погуби. Тој е пример на недостижна христијанска величина и великодушност.

Свети Генадиј, патријарх Цариградски
За патријарх дојде после Свети Анатолиј. Современик на Св. Маркијан (10 јануари) и на Св. Данило Столпник (11 декември). Во негово време е основан славниот манастир наречен Студитски според римскиот сенатор Студиј. Сенаторот Студиј со благослов на Генадиј дојде во Цариград, му подигна црква на Св. Јован Предвесник и подигна манастир при црквата. Беше многу кроток и воздржлив. Не ракоположи за свештеник никого којшто не би го знаел наизуст целиот Псалтир. Претседаваше со помесниот собор во Цариград, на кој е анатемисана симонијата во Црквата. Правеше чуда и во видение дозна за својата смрт. Со Црквата управуваше тринаесет години. Се престави кај Господ мирно, во 471 година.

Свети Јован, митрополит Киевски
По потекло Бугарин. Дојде во Киев во 1080 година и веднаш стекна таков углед, што наскоро го поставија на митрополитскиот престол. Управуваше со Црквата осум години. Му напиша на папата Климент послание во кое го изобличи за индулгенциите што ги воведе Римската црква. Се упокои мирно во 1089 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е спомен на Светата маченичка Харитина: Христијанка која заблудените ги водеше кон саканиот Христос!

Според вечниот православен календарот на МПЦ денеска е Светата маченичка Харитина Во детството како сираче …