ВИДЕО ШТО ЈА ПОТРЕСЕ ПЛАНЕТАТА: Скршениот Новак плаче како дете – не можел повеќе да издржи

Тажен крај на УС Опен за најдобриот во светот и сите негови фанови.
Новак Ѓоковиќ не успеа да го освои календарскиот Грен слем, и тоа, разбирливо, беше многу тешко за него.
Во пресрет на последниот натпревар во финалето на УС Опен со Данило Медведев, можеше да се види колку емотивен беше српскиот ас, бидејќи за време на паузата помеѓу гемовите, плачеше како никогаш досега пред ТВ камерите.


Ментално скршен и трогнат од се што се случуваше во Њујорк, имајќи предвид дека локалната публика конечно со цело срце го поддржа, Ѓоковиќ едноставно се „скрши“.

Тој низ солзи успеа да им се обрати на насобраните луѓе по натпреварот.

– Многу и благодарам на публиката. Би сакал да започнам со честитки за Данил, фантастичен натпревар и турнир. Ако некој ја заслужува титулата во овој момент, тоа си ти. Имаш фантастичен тим, вие сте еден од најдобрите луѓе на турнирот и се надевам дека ќе следи успешна кариера со уште многу Грен слем титули – рече Новак.
Тој ги откри најдлабоките емоции.
– Размислував за двете сценарија. Би сакал да кажам дека вечерва, иако не го добив натпреварот, моето срце е исполнето со среќа, затоа што направивте да се чувствувам толку посебно. Ја допревте мојата душа, никогаш не сум се чувствувал вака. Ве сакам, се гледаме наскоро – рече Новак Ноковиќ.

Фото: Принтскрин/YouutubeAdvanced Group

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина славниот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ

Душан Дуда Ивковиќ почина на 78 -годишна возраст, а веста ја потврди првиот човек на …