(ВИДЕО) „Сакаат да профитираат од трагедијата на една жена“: Објавен трејлерот за мјузиклот за ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА – фановите РАЗОЧАРАНИ!

Покрај серијата „Круна“, Нетфликс се занимава и со животот на принцезата Дајана во мјузикл, поради што многумина се лути и разочарани.
„Diana: The Musical“ е насловот на новиот мјузикл. Иако продуцентската компанија веројатно мислела дека ваков проект ќе им се допадне на многумина, се случило спротивното, судејќи според коментарите на Јутјуб под неодамна објавениот трејлер.
Иако е снимен во 2020. година, мјузиклот, инспириран од ликот и делото на принцезата Дијана, ќе биде прикажан за само два месеци, поточно на први ноември.

„Актерката Јани де Вал ја доби главната улога на принцезата Дијана, додека Роу Хартрамф го игра принцот Чарлс“


Во останатите улоги настапуваат: Ерин Дејви како Камила Паркер Боулс и двојно наградуваната Џуди Кеј како кралица Елизабета Втора.
Сепак, судејќи според коментарите, на многу фанови не им се допаднал трејлерот за мјузиклот инспириран од Лејди Дијана.

„По ѓаволите, колку ќе каже приказната за животот на оваа жена“, „Нека почива во мир. Новинарите ја злоупотребуваа со години, ја ловат неа и нејзиното семејство, а Бродвеј помисли: ‘Ајде да го искористиме ова’“. „Хорор“, „Оваа сирота жена никогаш нема да добие момент на мир, дури и кога е мртва, нели?“, „Ова е трагедија“, „Добро, доста. Станува малку тажно … Се чини дека само сакаат да профитираат од женска трагедија“, беа само некои од коментарите под овој трејлер.
Од друга страна, имало и такви на кои се уште им се допаднал фактот дека животот на принцезата Дијана бил претставен на овој начин, како мјузикл.


„Зошто толку многу луѓе се лутат што ова е мјузикл кога Дијана беше вљубена во мјузикли“, „Ова ќе биде одлично. Едвај чекам“,„Луѓето се лутат без причина. Дијана сакаше театар и веројатно би била воодушевена од идејата за свој мјузикл“.

Фото: Принтскрин/Youtube/Netflix

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тужба за СЗО: „Ми ја уништувате работата. Размислете …“

Сибирскиот претприемач ја има несреќата што неговата компанија се вика Омикрон и се занимава со …