(ВИДЕО) Лекар од одделот за брза помош открил пет работи што „изметот“ ги открива за здравјето

СЕКОЈ човек врши голема нужда. Помалку познат е фактот дека изметот всушност може да биде показател за пошироки здравствени проблеми. Лекарот за брза помош и јутубер Џордан Вагнер навел пет случаи во новото видео во кои изгледот, обликот, мирисот или текстурата на столицата се аларм.

Измет тенок како молив
„Столицата што повремено е тенка како молив не е причина за загриженост. Најверојатно се должи на мускулни контракции во дебелото црево. Но, ако дојде до ненадејна или конзистентна промена во изметот и е тенко цело време, таа може да значи дека дебелото црево е запушено и дека треба да посетите лекар“, вели Вагнер.


Масен измет
Ова може да биде знак дека телото не може правилно да ги свари маснотиите, тврди докторот.
„Промените во конзистентноста може да бидат предизвикани од инфекција или состојби како што се целијачна болест, панкреатитис или дури и некои форми на рак“, истакнува тој.


Црн измет
Додатоците на железо се честа причина за појава на црн измет.
„Сепак, тоа може да биде знак дека губите крв некаде во гастроинтестиналниот тракт“, вели Вагнер.
Затоа, ако тоа се случи а не земате железо, посетете лекар.

Други промени во бојата на изметот
„На бојата на изметот влијае храната што ја јадете, но и бактериите што живеат во дебелото црево. Општо земено, промената на бојата на столицата обично не е причина за загриженост”, додава докторот.

Измет што личи на топчиња
Вагнер вели дека ова е знак за затвор.
„Само затоа што отидовте во тоалет не значи дека немате запек. Ако не пиете доволно вода може да доведе до акумулација на отпадот и да ја влоши ситуацијата”, рекол тој.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …