(Рецепт) Идеален борец против АЛЕРГИИ: Овој ЧАЈ од ДВЕ СОСТОЈКИ можете и сами да го подготвите!

Покрај тоа што ги елиминира алергиите, овој чај е добар за целиот организам.
Во моментов е цветна сезона на амброзија, и секој што е алергичен на поленот на ова растение, знае колку симптомите можат да го спречат нормалното секојдневно функционирање.
Ненадејното кивање, течење на носот, гребење во грлото и чешање на очите се секако многу непријатни, а покрај разните медицински препарати, решението треба да се бара и во природата.
Кога станува збор за вакви алергии, ви предлагаме да направите природен домашен чај дома од само две состојки.
Лесно е да се подготви, а е ефикасно не само за алергии, туку и за целиот организам.

„Тајната е во црниот ким и медот“

Чајот од црн ким го лечи целиот организам, а е особено ефикасен во елиминирање на проблемите како што се надуеност, киселини, проблеми со цревата, но и во борбата против сезонските алергии.
Семките од црн ким имаат антиинфламаторно дејство, ги релаксираат бронхиите и на тој начин го олеснуваат дишењето.
Рецепт за чај од црн ким против алергии
Состојки:
2 лажички семе од црн ким
1 лажичка домашен мед
200 мл вода (1 чаша)
Подготовка: измешајте вода и семе од црн ким, и варете го чајот седум минути. Тргнете од оган и оставете да отстои 10 минути, потоа процедете го чајот и додадете лажичка мед.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Музичкиот фестивал „Андерфест 4“ ќе се одржи на 1. октомври 2022. година

Прогресивниот, музички фестивал АНДЕРФЕСТ е закажан за први октомври 2022 година. Публиката и овој пат ќе има …