Промоција на романот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска на Саем на книга

Промоцијата н ароманот „Равенка на стравот“ од Верица Мукоска е закажана за 12.09 (недела) во 13 часот на Саемот на книга во Скопје.

Промотор на романот е Стефан Марковски.

loading...

Потпишувањето ќе биде на штандот на издавачката куќа Бата Прес.

Гледајќи низ призмата на авторската еволуција во овој роман и досегашното творештво на авторката, полека и прогресивно се кристализираат двете приказни чие дејство е стационирано во Сиена и Љубаништа, надоврзани како голема и мала премиса како што пишува за романот писателот Стефан Марковски.


Во првиот план на палимпсестната структура која одовде произлегува, огледана и во бројните арс поетички нишки, е онаа на една младата творечка енергија полна надеж, внатрешни болки и колизии, но и волја за нивно и надминување на стравовите од нив. Сето тоа неминовно води низ откривањето на првата менлива во исконското од равенката на сите стравови: напознатото, како дел од патешествието наречено преобразба на главниот лик Калина.

„Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа, како што пишува за романот Трајче Стамески.


Авторката Мукоска истакнува дека фокусот е на главниотлик – сликарката Калина чија внатрешна окупираност од сликата што ја осмислува цели три години влијае врз нејзината сегашност низ која се провира гласот на гавранот на Едгар Алан По. ПојавувањетонагавранотнаПо е еденвидпатоказзанејзиниотпатнизравенкатанапатдастанеравенство.

Така, романескната структура води низ разрешување на внатрешниот заплет во кој преовладуваат психолошките рефлексии наспроти надворешните дејства што се случуваат во ликовната колонија на сликарот Емилијан Де Ремарос. Она што го доближува овој роман до самата реалност, до животните премиси и до самото човечко себеспознание се прашањата што се разјаснуваат преку исчитувањето на овојроман: Како да се стигне до целта, која таа и да е, преку философијата илиу метноста? Колку љубовта влијае врз нашиот живот? Колку животот нè учи на надеж? Дали има нешто што вечно сјае? И можно ли е тоа?

Верица Мукоска (1999, Вевчани) дипломирала на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Го објавила романот „Дневникот на длабоките тајни“ (2017) и стихозбирката „Стихови од срцето на природата“ (2009). Присутна е со есеи и прилози во книжевната периодика.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Театарски уметници од Србија, Северна Македонија и Албанија стануваат дел од „ОТВОРЕН БАЛКАН“

Претставници на националните театри на Србија, Северна Македонија и Албанија, на 28. септември, во Владата …