ПОТСВЕСТ – Грчеви во сон и реакции на телото: Психолозите открија што всушност значи кога сонувате дека ПАЃАТЕ!

Постои научно објаснување зошто сонуваме дека паѓаме.
Главно соништата и кошмарите се поврзани со некое повеќе или помалку трауматично искуство во реалниот живот, и поради тоа повторно доживуваме многу работи додека спиеме.
Некои се одвиваат јасно пред нашите очи, а други преку симболика, објаснуваат психолозите кои веруваат дека ако се открие причината за ваквите соништа, потиснатите стравови и слични трауматски искуства ќе бидат појасни.
Сигурно ви се случило барем еднаш да се разбудите бидејќи сте почувствувале дека паѓате.

„Тогаш, вашето срце често чука побрзо, а после тоа можеби нема да ви биде лесно повторно да заспиете“

loading...

Психолозите дошле до заклучок дека сонот во кој паѓаме треба да се поврзе со ситуации во кои се чувствуваме предадено, без доволна поддршка.
Таков сон може да се случи и кога генерално сме разочарани во животот, кога ќе заврши емотивната врска или кога ќе не напушти пријател од кого тоа не сме го очекувале.
Во повеќето случаи, психолозите го толкуваат овој сон како „повик“ од нашата потсвест, со цел да се соочиме со нашите емоции и полесно да го надминеме искуството на напуштање.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Што е СЕКСОДУС? Овој „ТРЕНД“ го зафати светот и се помалку луѓе водат љубов…

Пандемијата на корона вирусот во голема мера влијаеше на нашите животи, особено на здравствениот сегмент, …