(ВИДЕО+ФОТО) Ширум Европа протести – во Данска концерт пред 50.000 луѓе

Десетици илјади демонстранти излегоа вчера на улиците во Виена, Истанбул, како и неколку градови во Франција и Холандија, демонстрирајќи против епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, пренесуваат светските агенции.


Голем концерт во Копенхаген откако Данска ги укина мерките

Во Данска, од друга страна, беа укинати речиси сите мерки, така што се одржа концерт пред 50.000 гледачи во Копенхаген, на стадионот во близина на кој беше поставен штанд за вакцинација против Ковид-19, објави агенцијата dpa.

Тоа беше првиот стадион во Европа што прими посетители со полн капацитет откако беше прогласена пандемијата на коронавирус, рекоа неговите организатори.
Во пресрет на концертот, сите невакцинирани можеа да се вакцинираат против Ковид-19. Ова е еден начин данските власти да се обидат да ги привлечат младите луѓе на вакцинација.

Ковид веќе не е социјално критична болест

Настанот се случи кратко откако Данска ги укина последните ограничувања воведени поради коронавирусот во петокот. Луѓето повеќе нема да мора да покажуваат потврда за ковид-вирус што покажува дека се вакцинирани, дека го надминале ковид или имаат негативен тест, дури и на големи настани, како што се фудбалски натпревари, или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.
Данска повеќе нема да го класифицира „Ковид-19“ како „социјално критична“ болест.

83 проценти од Данците се вакцинирани
Министерот за здравство Магнус Хејинке кон крајот на август рече дека попуштањето е можно благодарение на големиот број вакцинирани.
Досега, 83. проценти од Данците над 12-годишна возраст се целосно вакцинирани.
Меѓутоа, за патниците што влегуваат во земјата од странство, некои ограничувања ќе останат на сила. Дали ќе биде потребен тест за влез во Данска, зависи од земјата или регионот од кој лицето влегува во таа земја.

Многумина кои дојдоа на концертот веруваат дека концертот означува нов почеток за земјата. „Пресреќни сме, можеби ќе плачеме бидејќи тоа е како враќање на старите времиња“, рекла Данка која на концертот дошла со пријателка.
„Овој концерт означува се, ограничувањата исчезнуваат, ние славиме. Но, тоа е и нешто ново, на кое не сме навикнати, па нашите чувства се измешани”, рекла нејзината пријателка.

На концертот и 12-годишник кој бил меѓу децата кои биле први вакцинирани во Данска
Дорте Олсен дошла на концертот со нејзиниот син Емил, кој наполнил 13 години и нејзината ќерка.
„Јас сум медицинска сестра, а Емил беше еден од првите 12-годишници што се вакцинираа во Данска. Речиси сите ние сме вакцинирани, па ако добиеме ковид, ќе бидеме добро”, рекла Олсен, додавајќи дека она што се случува прекрасно, но и малку страшно, бидејќи тие не биле околу толку многу луѓе одамна.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали верувате во НАРОДНИ ВЕРУВАЊА? Погледнете зошто нашите предци се венчавале само во овие ШЕСТ месеци од годината!

Дали знаевте дека месецот во кој ќе се венчате може да влијае на вас и …