(ВИДЕО+ФОТО) Рикардо најдобар во Монца – трката ја одбележа сударот на Хамилтон и Ферстапен

Возачот на Мекларен приреди сензација во трката за Големата награда на Италија…
Големата сензација беше забележана на Големата награда на Италија во Монца, каде победата ја однесе возачот на Мекларен, Даниел Рикардо. Тој славеше пред тимскиот колега Ландо Норис и возачот на Мерцедес, Валтери Ботас.


Да потсетиме, трката заврши без двајцата најдобри возачи Луис Хамилтон и Макс Верстапен. За среќа, безбедносната шипка спречи големи последици кога автомобилот на возачот на Ред Бул премина преку главата на Хамилтон.

И двајцата мораа да се откажат по таа несреќа, и интересно, ова беше прво откажување на Хамилтон уште по Австрија во 2018 година. Оттогаш има возено 62 трки.
Интересно е и тоа што на подиумот се најде Валтери Ботас од Мерцедес, кој стартуваше од последното место. Тој помина како четврти, но Серхио Перез доби казна од пет секунди и така заврши зад него.
Инаку, во конечниот пласман Ферстапен и понатаму води со пет бода повеќе од Хамилтон (226,5 – 221,5)

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ИСПУШТАЊЕ НА CO2 – Меси, обвинет за загадување на воздухот, го направил она што на просечниот човек му требаат 150. години за да го направи

Француските медиуми објавија дека приватниот авион на Лионел Меси извршил 52. лета во последните три …