ОВАА ЗЕМЈА УСПЕАЛА ДА ВАКЦИНИРА 90 ОТСТО ОД ВОЗРАСНИТЕ: Бројот на позитивни на корона намален – на ред се децата постари од 12. години

Девет од десет возрасни лица во Република Ирска се целосно вакцинирани, објави ирската здравствена служба.
До вчера, во Ирска имаше повеќе од 7. милиони вакцинирани возрасни граѓани.
Премиерот на Ирска, Мајкл Мартин, рекол дека достигнувањето на 90% од вакцинираната возрасна популација и примањето на 7. милиони вакцини е „две големи пресвртници“.
Вакцинацијата продолжува, а сега на ред се децата на возраст од 12. години и повеќе.
Во петокот, извршниот директор на Ирската здравствена служба (ХСЕ), Пол Рид, рекол дека бројот на хоспитализирани во таа земја се намалува.

Рид на социјалната мрежа Твитер напиша дека, иако бројот на позитивни на короната е намален, нивото на инфекција во училиштата е високо.
Во моментов во Ирска се хоспитализирани 329 лица заболени со корона, од кои 54 се на интензивна нега.
Ирската влада изготви план за укинување на речиси сите преостанати епидемиолошки мерки до 22. октомври.
Националниот советодавен комитет за имунизација (НИАК) препорача вакцинација со трета доза за лица над 80. и над 65. години кои живеат во установите за нега на стари лица.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …