Белките можат да бидат подеднакво добри, како и целите јајца, за зголемување на мускулната маса

ШТО е подобро за зголемување на мускулите – белка од јајце или жолчка? И двете. Конзумирањето само белка од јајце не е подобро или полошо за градење мускули од цело јајце, според новиот преглед објавен во International Journal of Sport Nutrition and Exercise Metabolism.

Во овој преглед, истражувачите прегледаа неколку студии за влијанието на цели јајца врз зголемување на мускулите.


Постојат многу причини зошто некои луѓе претпочитаат да јадат белки од јајца отколку цели јајца, особено ако внимаваат на внесот на холестерол или калории. Меѓутоа, сега се покажа дека конзумирањето цели јајца има предности во однос на конзумирање на белки, вклучително и зголемена микроRNA за подобар развој на мускулите, внесување дополнителни витамини и минерали како Б12, калциум, магнезиум и холин.


Во однос на протеините, три цели јајца содржат 18 до 20 грама, во зависност од големината. Сепак, истражувачите истакнуваат дека нема докази дека со јадење цели јајца ќе добиете повеќе протеини од оние кои јадат само белки.
Во прегледот, беше забележано дека оние кои јаделе цели јајца во студијата ја подобриле синтезата на мускулните протеини, што е добро за обновување на мускулите.
Накратко, ако вашата главна цел е да ја зголемите мускулната маса, белките од јајца не се лош избор. Ако тоа не е вашата главна цел и сакате да ги опоравите мускулите, слободно јадете цело јајце.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Само 5 МИНУТИ секој ден за одлични резултати: Едноставна ВЕЖБА која ја прави Кејт Мидлтон витка 

Иако е мајка на три деца, Кејт Мидлтон има линија како тинејџерка. Војвотката Кејт Мидлтон, …