Пет причини поради кои би требало да го јадете овошјето кое го нарекуваат есенска бомба на виталноста

ВЛАКНА, витамин Ц и витамин К – сите овие се важни супстанции кои се наоѓаат во калинката, овошје што го нарекуваат есенска бомба на виталност. Подолу се пет причини зошто калинката треба да биде на вашето мени.

Хранлива е
Една просечна калинка содржи 72 калории, 1,5 грама протеини, грам маснотии, 16 грама јаглени хидрати и 3,5 грама влакна.


Делува како антиоксиданс
Слатките мали топчиња, кои се наоѓаат во калинката, не содржат само витамин Ц, туку се богати и со други важни материи.
Пуничната киселина, антиоксиданс што се наоѓа во деловите од калинката и неколку други намирници, може да биде корисна во лекувањето на дебелината, дијабетесот и метаболичкиот синдром.
Според една постара студија од 2014 година, антиоксидантниот потенцијал на сок од калинката е поголем од црвеното вино.


Може да помогне во борбата против ракот
Луѓето кои се држат до исхрана богата со овошје и зеленчук имаат намален ризик да развијат голем број на различни видови на рак.
Истражувањата покажуваат дека калинката и нејзиниот сок потенцијално би можеле да го спречат растот на клетките на ракот во простатата, градите, белите дробови, дебелото црево и кожата.

Здрава е за срцето
Антиоксидансите пронајдени во калинката можат да спречат акумулација на масни наслаги околу артериите. Оваа акумулација може да доведе до срцев удар и други проблеми со срцето. Калинката исто така делува на намалување на крвниот притисок, а целото семе од калинка содржи пристојна количина на влакна за намалување на холестеролот.

Ќе го подобри згрутчувањето на крвта
Половина чаша семки од калинка обезбедува речиси 20 проценти од препорачаниот дневен внес на витамин К. Овој микронутриент растворлив во масти ја одржува крвта во состојба на правилно згрутчување. Со други зборови, кога ќе се повредите, вашето тело може побрзо да ги залечи раните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

20 НАЈГОЛЕМИ ЛАГИ поврзани со сексот – дали верувате во некоја од нив!?

Најчесто тоа е производ на незнаење, но и на предрасуди. И навистина има многу од …