ЖЕНИТЕ ОТКРИВААТ: Еве што е потребно за среќен и здрав сексуален живот?

Познато е дека позитивните ефекти од сексот се повеќекратни. Од тоа слатко задоволство, релаксација и среќа до посериозните како што се добар имунитет и подобро здравје на срцето. Исто така, неопходно е да се создаде интимна врска помеѓу партнерите и задолжителна состојка на здрава врска.

Што им треба на жените за среќа?
Проблемите настануваат кога желбата за секс не се совпаѓа со партнерот и кога и двајцата не се расположени истовремено.
Сексуалната желба кај жените е условена од различни фактори и ниското либидо може да биде последица на некои други емоционални или физички проблеми. А што им е потребно на жените за да ја надминат таа пречка? Прочитајте подолу.

Познавање на сопствените желби и преференции
За да уживаат во креветот, жените треба да знаат што сакаат, а што не. Кога знаете што ви се допаѓа и кога се чувствувате добро, ќе биде полесно да го постигнете посакуваниот исход со вашиот партнер. Важно е да имате отворена комуникација едни со други и да можете да си кажете што ви годи и што сакате, вклучувајќи пози, времетраење на предиграта и многу повеќе. Понекогаш тоа можете да му го кажете на вашиот партнер во форма на фантазија, а откривањето на она што ве возбудува понекогаш може да се постигне со мастурбација.

Можност да се фокусирате на моментот
Во ова дова исполнето со стрес, не е изненадувачки што понекогаш не можеме да се концентрираме на моментот во кој сме, и тоа може да биде многу контрапродуктивно за време на сексот. Жените треба да се исклучат од се што им пречи и да уживаат во моментот, бидејќи само тогаш можат да постигнат целосно задоволство и оргазам. Истражувањата покажаа дека медитацијата и фантазирањето и замислувањето различни сценарија помагаат во ова.

Позитивна слика за вашето тело и самодоверба
Жените кои не се чувствуваат добро во своето тело, многу потешко уживаат во сексот отколку оние кои се задоволни со својот изглед. Физичката кондиција има многу врска со тоа, бидејќи не е нужно желба да го смените вашиот изглед, туку да ја подигнете вашата форма и со тоа да бидете подобри во сексот. Треба да разберете дека партнерот кому сте привлечни нема да слуша глупости од телевизија и нема да се грижи што не изгледате „совршено“. Зајакнете ја вашата самодоверба заедно и тоа ќе им помогне и на двајцата.

Доверба во партнерот
Довербата во партнерот е неопходен дел од секоја здрава врска, а недостатокот од неа може да има многу негативни последици врз сексуалниот живот. Довербата значи дека се чувствувате безбедно во врската и дека не треба да ги проверувате активностите на партнерот, туку дека се’ се базира на меѓусебно почитување и отвореност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …