(ФОТО) СЕ ИМА СЕ МОЖЕ: Турскиот актер Бурак Озчивит купува нова вила

Старата куќа на познатиот актер Бурак Озчивит се најде на патот на пожарите во Турција ова лето.

Оваа година Турција го помина едно од најлошите лета во својата историја кога станува збор за шумски пожари. Дури и добро познатиот актер, БуракОзчивит, делумно беше жртва на оваа еколошка катастрофа.


По завршувањето на ангажманите, Бурак, заедно со неговата сопруга ФахријеЕвџен и синчето Каран заминаа на летување во Бодрум. Иако поседуваат куќа на плажа, тие одлучија летото да го поминат во планините кај приморското село Гамушлик.


За жал, оваа област беше една од многуте погодени од овогодинешните пожари и Бурак и неговото семејство мораа да сведочат како пожарот полека се приближува до нивниот летен дом. По ова, тие беа принудени да ја напуштат вилата.

Иако на почетокот пожарот беше ставен под контрола, по неколку дена силен ветар тој повторно се разгоре и стаса до куќата на Бурак и Фахрије.
„За жал, пожарот ја зафати и нашата куќа.“, објави Бурак на социјалните медиуми, известувајќи ги обожавателите дека тој и неговото семејство се на безбедно.

По конечното стивнување на пожарот, штетата бргу била санирана. Но, сепак, Бурак и Фахрије заедно ја донеле одлуката да ја продадат вилата и да купат нова. Цената на старата вила не и е позната на јавноста, но според некои медиуми, новата вила ги чинела околу 1,5 милиони евра (15 милиони турски лири).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Burak Özçivit (@burakozcivit)

Очигледно се се заврши добро за познатата двојка, иако тие признаа дека го откажуваат летувањето поради сите несреќи.

На нашата публика Бурак и добро познат уште од 2010-тата, но моментално е актуелен во улогата на Кемал во втората сезона на легендарната „Карасевда“.

Во неа, Кемал е роден во семејство од средна класа и студира рударско инженерство. Тој се заљубува во Нихан, девојка од богато семејство. Класната разлика меѓу нив ја прави нивната љубов невозможна, но тие сепак се борат да останат заедно, се до денот кога Кемал ќе замине од Истанбул не знаејќи дека Нихан ќе биде принудена да се омажи за Емир Козчуоглу. По пет години, Кемал е на моќна позиција во компанијата на Емир и одлучува да се врати во Истанбул за да се соочи со своето минато.

Топла и тажа приказна за една силна љубов, незапирлива надеж и неисполнети соништа. „Карасевда“ можете да ја гледате секој ден во 19:10 на Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Јавувањето во живо на српска ТВ станало хит – форите не престануваат:„Милице, пријди поблиску!“

Во утринската програма во живо на една српска телевизија се случила НЕОБИЧНА сцена. Новинарката известувала …