(Рецепти) Домашен пилинг за лице кој ги отстранува нечистотиите и акните

Тоа е повеќе наменски производ што го користиме не само во нашата рутина за убавина, туку и во секојдневниот живот, и бидејќи содржи антибактериски и антиинфламаторни својства, идеален е за чистење на кожата на лицето.
Сода бикарбоната е природен лек кој е секогаш при рака, и кој можеме да го ставиме рамо до рамо со најдобрите производи за убавина.
Станува збор за повеќенаменски производ кој, покрај рутината за убавина, го користиме и во секојдневниот живот, а бидејќи содржи антибактериски и антиинфламаторни својства, идеален е за чистење на кожата на лицето.
Имено, сода бикарбоната не само што ги отстранува мртвите клетки од кожата и бактериите, туку и го спречува нивното ширење.
Покрај тоа, нема да ја наруши вашата природна pH вредност на кожата, но може да биде премногу агресивно за луѓето со чувствителна кожа.

Сода бикарбона и вода
Домашен пилинг направен од сода бикарбона и вода помага да се засити кожата со кислород и спречува појава на рани брчки.
Овој пилинг помага да се омекне себумот, што го олеснува отстранувањето на нечистотијата и мртвите клетки од кожата.
Измешајте една лажица сода со една лажица вода и направете хомогена смеса, која потоа ќе ја нанесете на лицето со кружни движења.
Потоа оставете ја маската со сода бикарбона на лицето околу 25. минути и исплакнете ја со млака вода.

Сода бикарбона и овесна каша
Овој пилинг е одличен за борба против акните, и ја прави кожата мазна и сјајна.
Имено, овесната каша делува како природен навлажнувач кој се подобрува со додавање сода бикарбона. Маската со овие две намирници ја снабдува кожата со витамини, минерали и маслени хидрати.
Измешајте две лажици сода со две лажици овес и една лажица вода и нанесете ја добиената смеса на лицето, оставете да делува неколку минути, а потоа исплакнете го лицето со кружни движења и топла вода.

Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сексуалниот живот се подобрува во текот на есента, причината е повеќе од интересна!

За да откриеме како сезоните влијаат на нашето либидо, истражувачки тим од Универзитетот „Ludwig Maximilians“ …